Збирката поезија „Здив“ составена од 31 песна, кои се состојат од по 31 слог – колку што има букви во македонската азбука ќе биде промовирана во кафе-книжарницата „Буква“, во четврток, на 20 април.
Со почеток во 20 часот, промоцијата ќе ја води уредникот Тихомир Јанчовски, а промотерка на книгата ќе биде универзитетската професорка Илина Јакимовска.
Авторот Дарко Јорданов вели дека бо време на засилени негации на македонскиот јазик и самобитност, оваа книга се фокусира на врската меѓу буквите на нашиот јазик и метафизиката на секојдневниот живот.
„За остварување на формалната структура користена е јапонската форма ‘танка“, песна со пет стиха со точен број слогови: 5/7/5 7/7. Има повеќе начини на кои може да се читаат песните и авторот го објаснува тоа во предговорот“, дополнува тој.
Специјален гостин на промоцијата ќе биде Валдете Адили, а стихови ќе чита актерот Александар Микиќ.