Манипулација, пропаганда, лажна информација, извртена вест, дезинформација. Сите овие термини сме ги слушнале многупати кога станува збор за нешто чија цел е да се изманипулира јавноста. Колку што има различни толкувања за дезинформацијата, толку има и објаснувања за тоа кој ја шири. А зад создавањето на вакви слатки „бонбони“, обично стојат опасни намери: добивање некаква корист, нанесување штета или нечија дискредитација.
Институтот за комуникациски студии преку серијал видео приказни започнува со потрага по вистинските одговори на прашањата: Кој, каде и зошто шири дезинформации, со помош на детективот со симболично име Панде Случаев.
Во продолжение, погледнете ја првата епизода од досието посветено на дезинформации.