Јавното сообраќајно претпријатие соопшти дека утре (петок) поради верскиот празник Рамазан Бајрам јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Оттука, тие посочија дека билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.
„Жичарницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу“, велат од ЈСП.
Истовремено, тие соопштија дека автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред и во сабота, додека билетарниците и центрите за персонализација и жичарницата ќе работат со редовно работно време.