Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ вечерва (22 април) од 21 часот ќе се одржи нов, четврт концерт од серијалот „Млади за Скопје“.
Се работи за настап во живо на дуото „DaDa“.
„Експериментален нојз-рок напад на вашиот ум и вашите сетилни органи“, велат од „Млади за Скопје“.
Како што посочуваат организаторите – Дарко Медарски – Sfer, овој пат здружен со извонредниот бубњар – Дарио Циевски, ветуваат свирка која потполно ќе ја наруши вашата комфорт зона.