АП(о)ТЕКА – МКЦ во периодот од 12 до 17 часот вчера органзираше дневно дружење на платото пред МКЦ, по повод интернационалниот Record Store Day, како што и гласеше името на настанот.
Овој интернационален „Ден на независните музичките продавници“ во светски рамки се одржува од 2007, а овде во Македонија, таа традиција годинава се организираше по шести пат, во опуштена атмосфера со музика, дружење и посета на љубители на плочи.
View this post on Instagram
Честа да биде македонски Амабасадор на овогодишниот македонски „Record Store Day“, му беше доделена на Ивица Димитријевиќ, како долгогодишен активен музичар во Македонија, особено со неговите два музички состави „SIZ“ и „RIB“ чии албуми беа издадени на винил.
Целиот славенички настан беше поддржан со диџејски сетови на Илина Ангеловска, Зоки Бејбе, Томче Рутбој и Фрешко.