По повод Светскиот ден на пингвините кој има за цел покревање на свеста за овие птици и нивна заштита, утре (25 април) од 11 часот пред Заливот на пингвините ќе се одржи едукативен и интерактивен час на отворено.
Од скопската Зоолошка градина посочија дека на настанот, секој посетител ќе може да научи нешто ново за овие птици и, како што додаваат, ќе биде одлична можност одблиску да ги запознаат пингвините од зоолошката и четирите бебиња, нивните карактеристики, но и меѓусебните односи и социјализација во групата.
View this post on Instagram