Анализа: Етничка структура на администрацијата во 2022 година

Различни институции со различна процентуална застапеност на етничките заедници, пишува Порталб.мк. Етничките Македонци доминираат во ресорите за одбрана, финансии, земјоделство а етничките Албанци во Министерствата за политички систем и за економија.

Вработени во министерства според етничка припадност…

Според податоците речиси во сите министерства процентот на етничките Албанци е над 25%. Во четири ресори застапеноста е помала од 20% но има министерства каде тој е над 40%. Конкретно во Министерството за политички систем застапеноста на етничките Албанци изнесува 84,36%  а во  Министерството за економија 47,55%. Во овие два ресори застапеноста на Македонците  изнесува 5,15 односно  42%  во ресорот економија.

Во Министерството за одбрана, пак, етничките Македонци се застапени со 79,48% а етничките Албанци со 12,95%. Во Министерството за транспорт и врски пак застапеноста на етничките Албанци изнесува 17,07%, а во  Министерството за земјоделство 18,01%.

Најголем процент на етнички Турци има во Министерството  за економија 4,90%, во Министерството за политички систем 4,10%, во Министерството за образовани 3,85 и во Министерството за земјоделство 3,58%  Етничките Бошњаци пак со највисок процент се застапени во Министерството за локална самоуправа со 5,56% и во Министерството за економија со 2,10%. Во МНР застапеноста на Бошњаците е нула. Етничките Срби со највисок процент од 4,55% се застапени во Министерството за култура а етничките Роми со највисок процент од 2,93% се во Министерството за правда.

„Етничката структура на самостојните органи на државната управа исто како и структурата кај другите органи и министерства е премногу различна од институција до институција“ – се нотира во Извештајот за регистарот на вработени во јавниот сектор за 2022 година.

Вработени во општини, Влада, Собрание…

Во Владата етничките Македонци се застапени со 70,6%, Албанците со 13,9%, Турците со 4%, Србите имаат удел од 2,2%, Ромите 5,5% а Бошњаците со скоро 1,5%. Во Собранието Македонците се со 66,67% а Албанците со скоро 28,2%. Во институцијата Народен правобранител речиси иста процентуална застапеност, Македонците со 45,2%  а Албанците со 40,5%.

И во општините различна етничка структура. На ниво на Град Скопје застапеноста на Македонците изнесува 84,5%, на Албанците 10,94%, на Србите 1,95%, на Ромите 1,05%, на Турците 1,20%, на Бошњаците 0,60 а на Власите 0,45%.

Со 100% застапеност се етничките Албанци во општините Арачиново, Боговиње, Липково а над 80% се во Теарце, Студеничани, Сарај, Желино, Врапчиште,

Етничките Македонци со 100% застапеност се во Берово, Босилово, Валандово, Василево, Демир Капија, Демир Хисар, Зелениково, Кавадарци, Кратово како и во Прилеп, Пробиштип, Ранковце и уште неколку други. Во најголемите општини предводени од градоначалници од албанскиот блок етничката застапеност е различна. Така во општина Тетово 79% се Албанци а скоро 18% Македонци. Во Струга 67,6% се Албанци а 24,3% Македонци. Во Општина Гостивар 73,7% се Албанци а скоро 15,4% се етнички Македонци.

Сумирано според етничката структура 78.833 од вработените во јавниот сектор се Македонци, 23.855 се Албанци, 2.675 се Турци, 1.651 се Роми, 1.542 се Срби, 569 се Бошњаци, 527 се Власи, а 813 се други или воопшто не се изјасниле за етничката припадност.

Извор: Порталб.мк