По повод Денот на писателите во затвор на Меѓународниот ПЕН, но и 10 годишниот јубилеј од своето основање, „Разноликост“ – Колекцијата на поезија, фикција и есеј на меѓународниот ПЕН објавува КОНКУРС за беседи на тема „Дигиталната слобода и писателот“
Право на учество имаат млади писатели, творци, постдипломци, студенти и интелектуалци не постари од 35 години.
Беседите треба да бидат напишани на македонски јазик и да не бидат подолги од 2000 збораови , треба да бидат автентични и за првпат подготвени за овој конкурс. При пишувањето треба да се почитуваат општите начела на Повелбата на Меѓународниот ПЕН и неговата Декларација за дигитална слобода, авторите треба да бидат достапни на вежбите за јавен настап (реторика) со компетентен професор;
Крајниот рок за доставување е 25 октомври, а беседата треба да биде придружена од кратка, наративна, био-библиографија на авторот. Беседите треба да се испратат во електронска форма на следната адреса: diversity@diversity.org.mk.
Изборот на најдобри беседи ќе го направи стручен селектор на „Разноликост“, а резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 1 ноември 2013 година, на веб страницата на „Разноликост“.
Авторите на избраните беседи ќе ги претстават истите лично и на јавен настап, во рамки на традиционалното одбележување на Меѓународниот ден на писателите во затвор (15 ноември). Предвидени се специјални награди за прворангираните беседи и настапи.
Меѓународниот ден на писателите е основан на иницијатива на Комитетот на писатели во затвор при Меѓународниот ПЕН и традиционално се слави од 1981 година. Секоја година Комитетот на писатели во затвор преку своите проекти се обидува да ја зголеми јавната свесност за потребата од слобода на изразот и слобода на писателискиот збор. Во исто време Комитетот се залага за ослободување на сите писатели кои завршиле во затвор поради напишан збор.
Во 2008 година во Лондон е основан „Free the Word!“ („Ослободете го зборот“) фестивал, кој се стреми да ги зближи писателите од целиот свет, да придонесе во споделувањето на идеи и искуства, во иницирањето актуелни интеркултурни дијалози за тоа како книжевноста може да се трансформира, влијае и постои, придонесување кон протокот на книжевноста низ светот преку превод и промоција на пишаниот збор, претставување пред книжевната публика на веќе докажаните, но и на новите писателски гласови.