Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Времето во кое сега живееме има посебен деликатес, од револуцијата Гутенберг кога човештвото не бил во можност да чита вест или да добие информација, па се до денес во времето на глобализацијата каде човештвото е „бомбардирано“ со информации и вести од целиот свет. Сега, во времето во кое живееме, најголемиот предизвик е селектирањето на вести или информации што ги добиваме како „дневна храна“, а доколку вестите што ги добиваме се со истечен рок или имаат тенденциозна содржина, се предизвикува колективна информативна контаминација.
Затоа, мораме да запомниме дека медиумите се дел од четвртата власт, без медиумите другите три власти (законодавната, извршната, судската власт) би биле во заматена арена на дејствување што нивните постапки нема да се разликуваат од јавноста. Медиумите, според многу теоретичари, ја имаат улогата на вратар „портир“ или чувар на вратата која се отвора само за одредени информации. Ленс В. Бенет, американски медиумски теоретичар кој во голема мера го променил традиционалното сфаќање за улогата на медиумите и новинарите, смета дека улогата на „портирите“ е клучна за политичкиот систем на Соединетите Држави. Вестите, вели Бенет, станале сурогат за совеста на човештвото.
Медиумите се средства за информирање, но не се само тоа, бидејќи нивната функција во општеството е многу поширока од информативниот карактер. Покрај информирањето, медиумите имаат исклучителна улога и во едукацијата и забавувањето на јавноста, и објективната критика на власта. Но, кога сме кај медиумите, особено „онлајн“ медиумите кои зеле огромен замав и неконтролирано се зголемуваат, не се знае колку професионалните новинарски стандарди се почитуваат при известувањето. Дали јавноста прифаќа се што е „сервирано“ од медиумите? На кој начин се едуцира јавноста за да ги разликува и селектира вестите, да се заштити од дезинформации или „нарачани вести“? Тоа е еден и единствен начин преку медиумска писменост.
Зошто е важна медиумската писменост? Недостигот од вистинска медиумска писменост создава соодветен терен за инфодемија, како и преминување на медиумите во комерцијални компании кои примарно и во крајна линија имаат профит. При тоа, што всушност се прави преку медиумската писменост, се однесува на анализата на медиумските текстови како и развојот на расудувањето во однос на перспективите или мислењата што се користат во медиумите. И, ова ја насочува јавноста кон вредностите и збогатувањето на објективната мисла.
Медиумската писменост во секое време е важна, бидејќи како и обично цело време сме изложени на бескрајни и безбројни информации од сите делови на светот, но за време на изборните кампањи медиумската писменост треба да биде неопходна за секоја земја, дури и за Северна Македонија, бидејќи Медиумите се огледалото и прозорецот низ кој кандидатите и политичките партии се обидуваат да влезат во домовите на граѓаните и ноќе и дење до денот на изборите.
Но, што претставуваат изборните кампањи и зошто токму во овој период е важна медиумската писменост? Во речникот во член 2 од Изборниот законик е наведено дека „Изборната кампања е јавно претставување на кандидатите потврдени од надлежните органи и нивните програми во предизборниот период за одредени избори“.
Согласно законот, кампањата започнува 20 дена пред првиот изборен круг, во овој период протокот на информации во традиционалните и дигиталните медиуми е многу висок, што автоматски ја зголемува изложеноста на граѓаните на вести и информации од различна природа и цел. Медиумската писменост за време на кампањите ги штити граѓаните од „дезинформации“ и „нарачаните вести“, како чадор од поројниот дожд на есен. Дезинформациите и нарачаните вести кружат непрекинато, бидејќи интересот на различните партии е голем да навлезат до целните групи, а притоа, добро образованите граѓани се подготвени и способни да ги класифицираат и да ги одберат вестите и информациите од кои извори ќе ги добијат.
Всушност, изборните кампањи официјално започнуваат само 20 дена пред изборите, бидејќи реално и во пракса почнуваат многу порано од тоа, а медиумите во текот на овој период известуваат, организираат разни дебати, при што уште повеќе и помага на кампањата која не е сеуште започната. А, овој период кој слободно може да се нарече „пред-кампања“ е уште поделикатен од кампањата, затоа што се се прави неофицијално, но целта останува иста како и за време на кампањата – промовирање и убедување.
Изборните кампањи се подготовки за избори, пред-кампањите се подготовки за изборната кампања, а во овој период се отвораат стотици онлајн портали, „медиуми без уредништво“, кои во име на односите со јавноста да им служат на X одредени партии во текот на кампањата, кажано појасно, се обиди за „манипулирање со јавноста“, да се создаде позитивна слика дури и за политичарите кои можат да бидат негативни и бескорисни за општеството. Токму заради овие портали кои за време на изборните кампањи никнуваат како печурки после дожд, медиумската писменост е најсоодветниот отров што го оневозможува нивното дејствување, што целосно е спротивно на секој професионален новинарски принцип.
Медиумската писменост од ден на ден станува непосредна потреба на општеството, колку порано почнува да се применува, толку порано почнува да се подига свеста, но за време на изборните кампањи тоа мора неизбежно да се примени за да се овозможи вистинска, фер и демократска изборна кампања. Напротив, партиите што се на власт ги заробуваат медиумите, па дури и создаваат свои медиуми и нивната моќ станува апсолутна, функцијата на медиумите се претвора во гласноговорници на партиите на власт и полека се движиме кон монархија. Со медиумска писменост, граѓаните можат да направат соодветно оценување на кандидатите кои се натпреваруваат и се појавуваат во медиуми, како и кандидатите ќе имаат реални стандарди во своето појавување во медиумите, бидејќи тоа ќе го бара јавноста и само ова ќе го прифати.
Преку медиумската писменост јавноста создава стандарди и критериуми и за медиумите во однос на тоа што треба да споделуваат со јавноста, во спротивно нема да бидат следени и против нив се протестира, а за медиумите се ослободуваат дишните патишта, можат да дишат слободно без да бидат загрозени од нивното евентуално заробување.
Секогаш медиумска писменост, секогаш независни медиуми, објективна критика за секоја информација, нормална и идеална изборна кампања само тогаш кога медиумската писменост ќе биде реална пракса.
Пишува: Абедин Исмаили, член на УРА тимот
*Проектот на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат“ е имплементиран од ИРЕКС заедно со Младинскиот образовен форум (МОФ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС).
Оваа колумна е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на ИРЕКС и локалниот партнер Младински образовен форум (МОФ), и не ги изразува ставовите на УСАИД или Владата на Соединетите Американски Држави.
-
Sa është i rëndësishëm edukimi mediatik në kohën e fushatave zgjedhore?
Koha në të cilën jetojmë tani ka një delikatesë të veçantë, nga revolucioni Gutenbergut kur njerëzimi ishte i “verbër” për të lexuar një lajm apo për të marrë një informacion, e deri më sot në kohën e globalizimit ku njerëzimi është i “bombarduar” me informacione e lajme nga e gjithë bota. Tani, në kohën që po jetojmë sfida më e madhe është përzgjedhja e lajmeve apo informacioneve që ne marrim sikurse “ushqim të përditshëm”, dhe nëse lajmet që marrim janë me afat të skaduar apo përmbajtje tendencioze shkaktohet kontaminim informativ kolektiv.
Prandaj, duhet të kujtojmë që mediat janë pjesë e pushtetit të katërt, pa mediat tre pushtetet tjera (legjislativ, ekzekutiv, gjyqësor) do të ishin në një arenë veprimi të mjegulluar që veprimet e tyre nuk do të dalloheshin dot nga publiku. Mediat, sipas shumë teoricienëve, kanë rolin e gatekeepera “portierit” apo kujdestarit të derës që hapet vetëm për disa informata. Lance W. Bennett, teoricien i medias amerikane, i cili ka ndryshuar në masë të madhe të kuptuarit tradicional të rolit të mediave dhe gazetarëve, konsideron se si roli i “portierëve” është vendimtar për sistemin politik të Shteteve të Bashkuara. Lajmet, thotë Bennett, janë bërë surrogat i ndërgjegjes së njerëzimit.
Mediat janë mjete informimi, por nuk janë vetëm kaq, sepse funksioni i tyre në shoqëri është shumë më i gjërë se informimi. Mediat krahas informimit, luajnë rol të jashtëzakonshëm edhe në edukimin e publikut, argëtimin, dhe kritikën objektive ndaj pushtetit. Por, kur flasim për media, sidomos mediat “onlajn” që kanë marrë një hov të jashtëzakonshëm dhe po shtohen në mënyrë të pakontrollueshme, nuk dihet sa respektohen standardet profesionale gazetareske gjatë raportimit. A pranon publiku gjithçka që “servohet” nga mediat? Përmes cilës rrugë edukohet publiku që të bëjë dallimin dhe përzgjedhjen e lajmeve, të mbrohet nga dezniformatat apo “lajmet me porosi”? Ajo rrugë është një dhe vetme përmes edukimit mediatik.
Pse është i rëndësishëm edukimi mediatik? Mungesa e edukimit të mirëfilltë mediatik prodhon terren të përshtatshëm për infodemi, si dhe shndërrimin e mediave vetëm në kompani komerciale që në rend të parë dhe të fundit kanë përfitimin. Ndërkaq, se çfarë në realitet bëhet përmes edukimit mediatik, kemi të bëjmë me analizë e teksteve mediatike si dhe zhvillim të gjykimit në lidhje me këndvështrimet apo mendimet e përdorura në media. Dhe, kjo orienton publikun drejt vlerave dhe të pasurimit të mendimit objektiv.
Edukimi mediatik në çdo kohë është i rëndësishëm, sepse si zakonisht gjatë gjithë kohës jemi të ekspozuar nga informacione pafund, pa numër, e nga gjitha anët e botës, por gjatë kohës së fushatave zgjedhore edukimi mediatik duhet të jetë i domosdoshëm për secilin vend, edhe për Maqedoninë e Veriut, sepse mediat janë pasqyra dhe dritarja përmes të cilës kandidatët dhe partitë politike tentojnë të futen në shtëpitë e qytetarëve, edhe gjatë natës edhe gjatë ditës deri ditën e zgjedhjeve.
Por, çfarë janë fushatat zgjedhore, dhe pse pikërisht gjatë kësaj periudhe është i rëndësishëm edukimi mediatik? “Fushata zgjedhore është paraqitje publike e kandidatëve të konfirmuar nga organet kompetente dhe programet e tyre në periudhën parazgjedhore për zgjedhje të caktuara”, thuhet në fjalorin në nenin 2 të Kodit Zgjedhor.
Sipas ligjit, fushata fillon 20 ditë para rrethit të parë të zgjedhjeve, gjatë kësaj periudhe fluksi i qarkullimit të informacioneve në mediat tradicionale e ato digjitale është shumë i lartë, gjë që rrit me automatizëm edhe ekspozimin e qytetarëve ndaj lajmeve dhe informatave me natyra e qëllime të ndryshme. Edukimi mediatik gjatë kohës së fushatave mbron qytetarët nga “dezinformatat” dhe “lajmet me porosi”, sikurse ombrella nga shiu i rrëmbyeshëm i vjeshtës. Dezinformatat dhe lajmet me porosi qarkullojnë pa ndalë, sepse interesi i partive të ndryshme është i lartë për të depërtuar deri te grupet e synuara, ndërkaq, qytetarët e edukuar mirëfilli janë të gatshëm e në gjendje të klasifikojnë dhe përzgjedhin lajmet dhe informacionet nga cilat burime do t’i marrin.
Në realitet fushatat zgjedhore vetëm zyrtarisht fillojnë 20 ditë para zgjedhjeve, sepse në realitet dhe praktikë fillojnë shumë më herët se kaq, dhe mediat gjatë gjitha zhvillimeve që ndodhin në terren raportojnë, organizojnë debate të ndryshme, gjë që ndihmon edhe më shumë fushatën e pa filluar. Dhe, kjo periudhë e cila lirshëm mund të quhet si “parafushatë” është pikërisht edhe më delikate se fushata, sepse gjithçka veprohet jo zyrtarisht por qëllimi mbetet po i njëjti sikurse gjatë fushatës, promovim dhe bindje.
Fushatat zgjedhore janë përgatitje për zgjedhje, parafushatat janë përgatitje për fushatën zgjedhore, dhe gjatë kësaj periudhe hapen me qindra portale online, “media pa redaksi”, që t’i shërbejnë X partive të caktuara gjatë fushatës në emër të marrëdhënieve me publikun, që thënë më qartë janë tentime për “manipulim me publikun”, të krijohet një imazh pozitiv edhe për politikanët që mund të jenë negativ e të padobishëm për shoqërinë. Pikërisht, për këto portale të që dalin në kohë fushate zgjedhore sikurse kërpudhat pas shiut, edukimi mediatik është helmi më adekuat që ia pamundëson veprimtarinë e tyre, që kryekëput është kundër çdo parimi profesional gazetaresk.
Edukimi mediatik dita ditës po bëhet nevojë imediate për shoqërinë, që sa më herët fillon të aplikohet aq më herët fillon vetëdijesimi të lartësohet, por gjatë kohës së fushatave zgjedhore duhet të jetë i pashmangshëm në mënyrë që të mundësohet një fushatë zgjedhore reale, fer dhe demokratike. Në të kundërtën, partitë që janë në pushtet kapin media, ose krijojnë edhe media të tyre dhe pushteti i tyre bëhet absolut, funksioni i mediave shndërrohet në zëdhënëse të partive të pushtetit, dhe dalëngadalë rrëshqasim në monarki. Me edukim mediatik qytetarët janë në gjendje të bëjnë vlerësime adekuate të kandidatëve që garojnë dhe ekspozohen në media, si dhe kandidatët do të jenë me standarde reale në daljet e tyre në media, sepse këtë do ta kërkon dhe vetëm këtë do ta pranon publiku.
Përmes edukimit mediatik publiku krijon standarde dhe kritere edhe për mediat se çfarë ato duhet të ndajnë me publikun, në të kundërtën nuk ndiqen e kundër tyre protestohet, si dhe për mediat lirohen kanalet e frymëmarrjes, mund të frymojnë lirshëm pa qenë të kërcënuara nga kapja eventuale e tyre.
Edukim mediatik kurdoherë, media të pavarura çdoherë, kritikë objektive për çdo informacion, fushatë zgjedhore normale dhe ideale vetëm kur edukimi mediatik do të jetë praktikë reale.
Shkruan Abedin Ismaili, anëtar i ekipit URA*Projekti i USAID-it për edukimin mediatik “Të rinjtë mendojnë” zbatohet nga IREX së bashku me Forumin Arsimor Rinor (FAR), Institutin Maqedonas për Media (MIM) dhe Institutin për Studime të Komunikimit (ISK).
Kjo kolumnë është mundësuar me mbështetjen e popullit amerikan përmes Agjencisë së Shteteve të Bashkuara për Zhvillim Ndërkombëtar (USAID). Përmbajtja është përgjegjësi e IREX-it dhe partneri lokal Forumit Arsimor Rinor (FAR) dhe nuk pasqyron pikëpamjet e USAID-it ose të Qeverisë së Shteteve të Bashkuara të Amerikës.