Сопственикот на „Твитер“ најави дека социјалната мрежа ќе овозможи медиумските куќи да им наплаќаат на корисниците еднократно читање на нивната содржина, нарекувајќи ја практиката „победа за јавноста и медиумските организации“, јавува „Гардијан“.
Опцијата, која ќе биде достапна во текот на мај, ќе им овозможи на корисниците кои „не се регистрираат за месечна претплата да плаќаат повисока цена по напис за кога сакаат да прочитаат повремена статија“, објави тој.
Rolling out next month, this platform will allow media publishers to charge users on a per article basis with one click.
This enables users who would not sign up for a monthly subscription to pay a higher per article price for when they want to read an occasional article.…
— Elon Musk (@elonmusk) April 29, 2023
Во петокот, Маск најави дека Твитер ќе зема 10 отсто од претплатите за содржини по првата година, истакнувајќи дека компанијата нема да зема дел од заработката во првите 12 месеци. Наплатените претплати ќе вклучуваат долги текстови и видео содржини.
Откако ја презеде компанијата октомври, постојано Маск внесува промени во обид да ги зголеми приходите на Твитер, откако платформата забележа пад на приходите од реклами минатата година.
Под сопственост на Маск, Твитер ја намали својата работна сила од 7.500 на околу 1.500 работници.