Од Судан евакуирани четири македонски државјани

Од Министерството за надворешни работи (МНР) информираат дека во текот на вчерашниот ден, од Судан се евакуирани четири македонски државјани, поради тековните воени судири.

Лицата моментално се наоѓаат во Џеда, Саудиска Арабија, а од МНР дополнуваат дека евакуацијарата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија.

„Нашата амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со тамошните власти, во насока на нивно враќање во Северна Македонија. МНР со внимание го следи развојот на состојбите во Судан и е во комуникација со држави кои имаат свои дипломатски конзуларни претставништва во земјата“, се вели во соопштението.

Од МНР посочуваат дека досега се евакуаирани вкупно 4879 лица, од кои 139 се Саудијци, а другите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД, а од нашиот регион освен земјава, се и Грција и БиХ.

Конфликтот е дел од долготрајната борба за власт во воениот врв на земјата. Предводниците на двете крила не се согласуваат по прашањето за транзиција кон цивилна власт во земјата. Судан е под власт на војската, по пучот во кој беше соборен од власт долгогодишниот авторитарен претседател, Омар ал-Башир во 2019 година.

Завојуваните крила во Судан договорија 72-часовно примирје, странските влади започнаа со евакуација на нивните државјани