МКЦ најавува уште една LIVEUROPE сесија. Два млади, потентни бенда од Чешка, „Sinks“ и „Fotbal“ доаѓаат вечерва (3 мај) во Бифе МКЦ во рамки на нивната балканска турнеја. Концертите почнуваат од 21 часот.
„Sinks“ e трио од Брно од Чешка што ќе се претстави со нивниот минималистичко-динамичен микс на нојз-рок и пост-панк.
„Нивните настапи во живо се енергични и експлозивни, исполнети со стегнати ритмови, екпресивни вокали и моменти на спонтан хаотичен гитарски нојз“, велат од МКЦ.
Со квартетот „Fotbal“, пак, најавуваат свирка во енергичен инди-постпанк стил, директно до срце.
„Репетитивен звучен пејсаж искомбиниран со обликуван нојз ќе ве занесат во некои други сфери каде бендот е вашиот трип-ситер, а вашата карпа ќе се вплисне во нивните бранови. Нивниот нов, втор албум ќе биде објавен наскоро“, соопштува МКЦ.
Концертот е помогнат од Liveurope. #LIVEUROPE e првата Паневропска иницијатива која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа која е ко-финансирана од програмата на Креативна Европа.