Од 8 до 20 мај ќе има затворање на пругата Велес-Гевгелија

Патничкиот воз со број 632 на релација Гевгелија – Скопје од железничката станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути, односно ќе поаѓа во 18:20 часот, пренесува Мета.

Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради реконструкција на пругата ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија, информираат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ.

Во овој период, патничкиот воз со број 632 на релација Гевгелија – Скопје од железничката станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути, односно ќе поаѓа во 18:20 часот.

На 14 мај (недела) возот со број 632 на релација Гевгелија – Скопје ќе сообраќа по возен ред.

Причина за затворање на пругата е изведувањето на реконструктивни работи од страна на изведувачот „Штрабаг“ на пругата Ногаевци-Неготино, во делот меѓу станиците Кукуричани и Криволак.

Мета