Со перформансот „Extima: Плодна почва“ на Оља Грубиќ на 13 мај започнува 11-тото издание на фестивалот „Прво па женско“ кој ја промовира феминистичката култура. Интердисциплинарната програма на фестивалот, во организација на „Тиииит! Инк.“ вклучува изложби, промоции, концерти, филмски проекции и перформански ќе трае до крајот на годината.
„Водени од зборовите на Одри Лорд, оваа година ‘Прво па женско’ се води од идејата дека ‘Иднината на Земјата веројатно зависи од вештината на жените да идентификуваат и развијат нови дефиниции за моќта и нови начини за поврзување преку различностите’“, велат организаторите.
Програмата на единаесеттото издание на „Прво па женско“ го слави интерсекцискиот феминизам и има за цел да поттикне нови можни дефиниции за поправеден свет зашто старите дефиниции веќе не ни служат, посочуваат од „Тиииит! Инк.“.