Продажбата на монтажни базени ќе биде забранета од следната недела во југозападна Франција на границата со Шпанија, бидејќи регионот е погоден од суша, изјави францускиот министер за животна средина, пренесува Данас.
Одлуката е донесена за регионот на источните Пиринеи „за да се избегне луѓето кои купуваат базени да бидат во искушение да ги полнат, иако полнењето базени е забрането“, објасни министерот Кристоф Бешу.
Во тој дел на Франција од 10 мај ќе стапат на сила „кризните“ мерки, вклучително и новите ограничувања на потрошувачката на вода.
Сушата што ги зафати Источните Пиринеи е „најлоша од 1959 година“, неодамна објасни раководниот претставник на регионот, Родриго Фурчи.
„Морате да се навикнете на идејата дека сега е глобално затоплување. Овој регион живее во исчекување на она што некои области околу Медитеранот веројатно ќе го доживеат“, рече тој.
Во средината на април, источните Пиринеи ги зафати првиот голем пожар оваа година во Франција кој зафати околу 1.000 хектари.
Од сушата беше погодена и соседна Шпанија. Минатата недела имаше екстремно ран топлотен бран од над 37 Целзиусови степени, а поголемиот дел од земјата е веќе во состојба на готовност поради „многу висок“ или „екстремен“ ризик од пожари, соопшти метеоролошката служба „Аемет“.