На 11 мај (четврток) со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Живот на меѓукат“ на авторот Јовица Ивановски.
На промоцијата која ќе се одржи во изложбениот салон – Империјал 1 во Културно информативниот центар (КИЦ), за книгата ќе зборува Ѕвездан Георгиевски, а песни ќе читаат Борче Николовски и актерот Исмет Шабановиќ.
Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на седумнаесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“, на Струшките вечери на поезијата, за книгата „Човек“ (2019).