Половина од граѓаните во Македонија имале барем еден правен проблем последните три години, а три од пет испитаници останале незадоволни со исходот. Над 6о отсто од испитаниците не веруваат дека некој ќе им помогне, па огромен број граѓани се пасивни и да не ја бараат правдата на суд. Ова се дел од заклучоците во истражувањето на Реактор и Фондацијата отворено општество, насловено„Правните потреби и патот до правдата во Република Македонија“.
Во рамките на студијата беа изготвени и неколку инфографици кои детално прикажуваат каков е патот до правдата во Македонија.