Ова лето, Talking Shorts и Европската мрежа за филмски дискурс го организираат второто издание на интензивниот тандем Европска работилница за филмска критика, во рамките на Лаго Филм Фест и Фестивалот за краток филм ФЕКК Љубљана.
Под водство на етаблирани новинари и филмски експерти, учесниците ќе стекнат увид во новинарските практики и ќе го научат основниот занает на филмската критика преку кратки филмови и курирани програми за кратки филмови.
Работилницата е отворена за сите заинтересирани лица над 18 години кои имаат интерес во критичко и дискурзивно пишување за филм и секој може да учествува во двете целини од тандем работилницата. Котизацијата за учество е 150 евра, но организаторите информираат дека постои можност за покривање на трошоците со цел да се овозможи учество на сите заинтересирани.
И двата фестивали нудат покривање на патните трошоци (до 150 евра), оброци за време на работилниците (појадок и ручек) и акредитации за сите проекции и активности во рамки на фестивалите.
За аплицирање треба да се пополни овој формулар и тоа најдоцна до 25 мај. Повеќе информации се достапни тука.