Анестезиологот Валтон Дервиши, кој на ТикТок во живо пренесуваше снимка на која се гледаат пациенти и вработени во Тетовската болница, доби казна од 15 месеци затвор пренесе МИА.
На 43-годишниот Дервиши денеска во Судот во Тетово му беше изречена пресудата уште на самиот почеток на судењето, откако тој ја признал вината и изразил жалење за тоа што го направил.
Снимката се случи на 14 април и откако медиумите објавија за случајот анестезиологот беше приведен од полицијата. Обвинителството против него поднесе обвинение за две кривични дела: несовесно вршење на своите овластувања и тешко повредување на правата на пациентите.
Дервиши беше суспендиран од работа, а Судот на честа на Лекарската комора му ја одзеде лиценцата за работа на период од 7 години поради утврдени етички прекршувања во работата.