Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска го имаме Димитар Тодороски, магистер по историски науки, дел од културното движење „Млади за Скопје“.
Ова се неговите #ПетАлбумиЗаПоДома, со негов осврт кон музичките парчиња:
* * *
1.Joy division – Unknown Pleasures (1979)
„Oh, I’ve walked on water, run through fire, can’t seem to feel it anymore“… Поентата на животот на Иан Куртис е да ги создаде тие ремек дела како што се: „Unknown Pleasures“, 1979 и „Closer“, 1980. Целата негова болка и гнев насочен кон себеси, воочлива од длабочината на текстовите во песните и начинот на нивна интерпретација отвораат прозорец во душата на еден растроен и преплашен млад човек. Најубавата уметност е создадена од најголемата тага. Творештвото на Joy Division го потврдува тој факт.
2.The Clameleons – Script Of The Bridge (1983)
Според мене, најдобриот пост-панк албум на сите времиња. Албумот започнува со „Don’t Fall“, потоа следуваат хитовите: „Second Skin“; „Monkeyland“; „Here Today“; „Less than Human“ итн. Бас линии, помешани со гитарска мелодија која предизвикува „среќна меланхолија“ го внесуваат слушателот во dreamy патување, водено од вокалот/басист Mark Burgess. Делови од нивната техника на хармонично создавање на пост-панк/инди рок песни, ќе бидат преземени во иднина од бендови како: „The Verve“; „Editors“; „The Flaming Lips“; „Interpol“ итн.
3.A Place To Bury Strangers – Exploading Head (2009)
Најдобриот live act. Најбучниот бенд. Најмоќните гитарски дисторзии што предизвикуваат тотален колапс на нормалната перцепција за музика. Anti-rock, noise-rock, за некои критичари и shoegaze поради големиот број на гитарски педали кои се самостојно произведени. Тешко беше да се одлучам кој албум од APTBS да го издвојам, имајќи ја во предвид мојата субјективна поврзаност со овој бенд, но го издвојувам EXPLOADING HEAD од 2009 година. „I’ve lived my life… To stand in the shadow of your heart… You make my dreams complete… And then crash them down“ – Музичките љубители кои имале шанса да ги гледаат APTBS во Скопје знаат што значи да се доживее оваа песна во живо.
Творештвото на Sonic Youth во 90тите, многу се разликува од нивните почетоци од 80тите. Затоа го издвојувам албумот EVOL (првиот албум во кој бубњар е Steve Shelley) кој содржи неколку омилени песни од нив како што се: „Shadow of a Doubt“ – песната која беше насловна шпица на мојата емисија „Nevermind“ која се емитуваше долги години на култното радио Канал 103, „Expressway to Yr. Skull“ и „Green Light“. По слушањето на овој албум убаво е да се изгледа и филмот „The Year Punk Broke, 1991“.
5.Bernays Propaganda – Забранета планета (2013)
Веројатно албумот кој највеќе пати го имам слушано, воедно и последниот на Bernays Propaganda кој е создаден од нивниот прв и оригинален состав. Социјално и општествено ангажиран албум, кој реално ја отсликува мизеријата на работничката класа во Македонија, која сочинува 95% од вкупното население. Доказ дека и пост-панкерите се всушност панкери, дека таа музика која е „помека“ од оригиналниот панк, всушност исто така е остра и директна. „Во оваа земја 1000 луѓе… Само 1000 луѓе добро… добро овде живеат“. Овој албум ги прави Bernays Propaganda култен бенд, додека тандемот: Васко Атанасоски (гитара, вокал) и Кристина Горовска (вокал) стануваат симбол во борбата за социјална првда.
* * *
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку споделуваме музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова – Кристијан Караџовски – Ивана Настеска – Кристијан Петковски – Ана Голејшка Џикова – Борјан Гаговски – Иван Шопов – Калина Качоровска – Атанасија Гулевска-АТА – Мартин Анастасовски – Александар Бошков – Данче Ефтимова – Марина Савеска – Тамара Стојаноска – Филип Букршлиев – Катерина Иванова – Анте Гулин – Анастасија Саздовска