Теодора Тиквешанска, ученичка во СУГС „Орце Николов“ – Скопје доби почесно признание за своето постигнување на Меѓународната филозофска олимпијада (International Philosophy Olympiad, IPO) што во периодот од 11 до 14 мај се одржуваше во Олимпија, Грција.
Средношколците Тиквешанска и Димитар Џамбазов по победата на македонскиот државен натпревар, а под менторство на професорите Јулијана Јолевска и Владимир Ѓуровиќ ја претставуваа земјава во натпревар со 103 учесници од вкупно 49 земји од светот.
„Филозофското друштво на Македонија им честита на учениците за забележителниот успех на XXXI Меѓународна филозофска Олимпијада. Посебни честитки за Теодора Тиквешанска која доби Почесно признание за своето постигнување“, велат од Филозофското друштво.