Министерството за внатрешни работи информира дека утре (21 мај) во 8 часот во координација со амбасадата на САД, ќе се спроведе оперативно-тактичка вежба, при што од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
За сообраќај ќе бидат затворени ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (амбасада на САД) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“ и ул.„Самоилова“ и ул.„Лазар Личеноски“, на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје. По потреба, затворен за сообраќај ќе биде и бул.„Никола Карев“, на потегот од ул.„Македонско – косовска бригада“ до ул.„8 Септември“, како и ул.„Македонско – косовска бригада“, на потегот од крстосница со ул.„Џон Кенеди “ до крстосница со бул.„Никола Карев“ во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.