Центарот за кариера и одбор за поддршка (алумни) при Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје започнува со организација на серија на “Јустинијанови приказни”.
На првиот настан, кој ќе се одржи на 25 мај, во 17 часот во читалната на Правниот факултет, ќе говорат јавната обвинителка Ленче Ристоска, новинарот Васко Попетревски и адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска.
„Идејата зад овие настани е зближување, вмрежување и развивање на соработка помеѓу нашите сегашни студенти и веќе дипломирани, магистрирани и докторирани студенти, при што членовите на нашата алумни заедница, практичари истакнати во својата професија преку мотивациски говори ќе им се обратат на студентите на Факултетот“, велат организаторите.
Заинтересираните да присуствуваат на настанот можат да го пријават нивното присуство на мејл адресата на Центарот за кариера и алумни: centarzakariera@pf.ukim.edu.mk, најдоцна до 24 мај.