Вчера во Куманово по петти пат се одржа фестивалот „Графити фест“, во организација на Здружението за ликовна уметност „Форма“.
Членовите на оваа здружение, веќе неколку години на различни локации во градот, им даваат нов урбан лик на објектите, искажувајќи го својот уметнички дух.
На фестивалот учествуваа уметници од државата, како и уметници од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Турција.
Оваа година се цртаа графити на објекти на улицата „Лесковачка“ во населбата Гоце Делчев.
Фотографии: Општина Куманово