Од 22 до 29 мај во Македонија престојува професор Дaн Шехтман, добитник на Нобелова награда по хемија за квазикристали во 2011 година.
Предавањето е под наслов: „Technological Entrepreneurship – Key to World Prosperity and Peace“, а денеска од 10 часот тој ќе одржи предавање на Институтот за хемија при ПМФ.
Од Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија велат дека ова е прв пат земјава да ја посети Нобеловец од областа на природните науки.
Предавањето во живо може да се следи и на следниов ЛИНК.