Во „Jazzy“ во Скопје на 26 мај (петок) од 21 часот ќе се одржи свирка на „The Ooz“, кои ќе го промовираат нивното деби ЕP „Sub Human“, снимено во 2023 година.
Освен песните од EP-то ќе свират и теми од нивниот иден албум, а свирката ќе заврши со слободна импровизација.
„‘The Ooz’ ги рекреираат своите емоции во звук со високи децибели, влечејќи инспирација од секојдневните теми за љубов, смрт, сивилото и монотонијата, методично но агресивно влегуваат на македонската сцена“, стои во најавата за свирката.
Во 2022, ова трио ги започна своите први чекори со џемање во своите домови. Петар Маркович на гитара, Андреј Игњатовски на бас и Симон Палитов на тапани, овозможува овој бенд да експериментира со пост-панкот и шугејзот.