Од магазинот „Лице в лице“ информираа за смртта на младиот колпортер, Мемет Камбер, кој починал на линиката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а дополнуваат дека Камбер не поседувал здравствена книшка и немал можност да прави здравствени прегледи.
„Задоцнетата документација за идентитет, личната карта, ги ставила на ‘почек’ сите потреби, услуги, замисли за поинаков живот на еден млад човек“, велат од „Лице в лице“.
Од списанието велат дека последната посета на болница на Камбер, била и прва.
„Сериозноста на здравствената состојба не ги покажа своите заби само меѓу болничките ѕидови, туку ги покажувала долго време пред тоа. Но, Мемет немал можност да прави здравствени прегледи“, истакнуваат од „Лице в лице“.