Во организација на Japan@mk во Мала станица се одржува второто издание на фестивалот на јапонска култура, Нихон-Џи.
Повеќе фанови и приврзаници на јапонската култура можат да следат и учествуваат во разни активности што ги поврзуваат традицијата, уметноста, музиката, модата, боречките вештини, игрите и храната.
Покрај традиционалните елементи, овогодинешното издание симболично е именувано „Неонски бранови“, со цел да ги доближи јапонската напредна технологија, кибернетиката, вештачка интелигенција и неонската естетика.
Во продолжение, погледнете дел од атмосферата од фестивалот:
View this post on Instagram