„Штефица Цвек“ го објави потесниот избор на регионална, феминистичка и квир книжевност

Регионалната книжевна заедница „Штефица Цвек“ преку спроведена анкета номинираше приближно 150 наслови од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска.

Оттаму велат дека во потесниот избор, односно вториот круг влегуваат 24 дела, а во наредната фаза од изборот ќе бидат избрани седум дела.

Комисијата во состав од Мања Величковска, Милица Улемек, Ана Фазекаш, Ања Томљеновиќ и Дара Шљукиќ посочува дека финалната селекција на „Штефица Цвек“ ќе се одржи на 16 јуни во рамки на програмата на фестивалот „Крокодил“

Од „Штефица Цвек“ истакнуваат дека постои сериозен интерес за ангажирани теми и модуси на пишување, особено помеѓу младите автори и авторки, и тоа во сите книжевни родови и видови.

„На жирито во вториот круг го препуштивме изборот помеѓу делата кои нам најсилно ни оставија впечаток како дела кои активно ја промислуваат општествената условеност, заземаат став и отвораат перспектива кон светот каков што сакаме да го градиме, наспроти родовите, расните, класните и други дискриминаторски практики кои на многумина им го прават животот невозможен. Веруваме дека за секоја од овие книги вреди да се разговара“, посочуваат оттаму.

Во потесниот избор „Штефица Цвек“ избрани се делата:

„Вечерен автобус“ – Стефан Алиевиќ (збирка раскази, Или-Или)

„Реци ватра“ – Селма Асотиќ (збирка поезија, Raštan izdavaštvo / Buybook)

„Водни тела“ – Ана Аврамовска (роман, Паблишер)

„Ланина школа“ – Мирна Броѓанац, (илустрирана книга за деца, Naklada Ljevak)

„Клара, Клариса“ – Маријана Чанак (роман, Buybook)

„Слобода А“ – Ана Голејшка Џикова (збирка поезија, ПНВ Публикации)

„Злице и вилице“ – Наташа Говедиќ (збирка поезија, Fraktura)

„Мртви на додир“ – Ана Марија Грбиќ (роман, Geopoetika)

„Хулим и потписујем“ – Радмила Лазиќ (збирка поезија, Vukotić media)

„Огледало без мана“ – Агата Луциќ (книга за деца, Mala zvona)

„Мировање“ – Дуња Матиќ (роман, VBZ)

„Легло“ – Суцана Матиќ (збирка раскази, Fraktura)

„Стрипотерапија“ – Ана Петровиќ (колекција стрипови, Kreativni centar)

„Ново Сада“ – Саша Ивановиќ (роман, Partizanska knjiga)

„Љета с Маријом“ – Оља Савичевиќ Иванчевиќ (роман, Fraktura)

„Осветнице“ – Светлана Слапшак (роман, Laguna)

„А хтела сам“ – Маја Солар (збирка поезија, Enklava)

„Има и такви денови“ – Моника Стојановска (збирка поезија, Полица)

„Пси“ – Дора Шустиќ (роман, Gradska knjižnica Rijeka)

„Офелија, баштованка“ – Николина Тодоровиќ (збирка поезија, Buybook / Zlovo Gorčina)

„Тихи рад“ – Марија Василевиќ (збирка поезија, Treći trg)

„Унутрашње море“ – Даница Вукичевиќ (роман, Nojzac)

„До бољег јучер“ – Емина Жуна (роман, Buybook)

Од „Штефица Цвек“ истакнуваат дека покрај официјалниот избор, ќе биде објавена уште една листа, составена од наслови вредни за внимание.

Започна crowdfunding кампањата за наградување на млади бунтовни писател(к)и од регионот – „Штефица Цвек“