На Аргентинките веќе нема да им биде потребен рецепт за купување на итна контрацепција, јавува „БиБиСи“.
Од Владата истакнале дека укинувањето на рецептите за „ден потоа“ пилулата „скршило важни пречки“ за оние на кои им е потребно прекинување на процесот. Ваквата одлука била поздравена од феминистичките групи, за кои потегот е знак на прогрес во земјата.
Од аргентинското министерство за здравство изјавиле дека мерката ќе помогне да се намалат несаканите бремености преку преминување на препреките како пристап до здравствени институции, контрацептивни средства и образование, кои ги има дел од населението.
„Одлуката ги отстранува важните препреки до пристап. Луѓето ќе може да го користат овој метод пред да се случи итност“, изјавила Валерија Исла, претставничка од одделот за сексуално и репродуктивно здравје во министерството.
Ванеса Гаљиарди, лидерката на локална феминистичка група, изјавила дека одлуката ќе помогне да се „дестигматизира“ пилулата за „ден потоа“ во земја каде седум од десет малолетнички бремености се непланирани, повикувајќи се на официјални и национални податоци.
Одлуката за укинување на рецептите за ваквиот вид на контрацепција налетала и на критики. Од аргетинските групи кои се залагаат за укинување на абортусот велат дека мерката е загрижувачка, обвинувајќи ги властите за „ориентирање кон промоција за мерки за абортус“.
Оттаму, дополниле дека потегот представува „неуспех за превенцијата на бременост и сексуалното образование“.
Во 2020, Аргентина го легализираше абортусот до четиринаесеттата недела, потег кои наиде на критики од Црквата, од каде повикаа сенаторите да го отфрлат предлог законот.
Пред ваквата промена, абортусот во Аргентина беше дозволен само во случаи на силување и кога беше загрозено здравјето на бремените жени.