Србија ги стави јавните објекти на листата на загадувачи и инвестира во менување на начинот на греење како дел од нивната национална програма за заштита на воздухот за периодот од 2021-2023, соопшти Шанса за Центар.
Од таму велат дека планот на Србија предвидува до крајот на 2023, за да се намали загадувањето, ќе се менува начинот на греење кај училишта, градинки, болници, спортски сали и административни објекти кои се греат на нафта, мазут и јаглен во 76 општини.
Шанса за Центар мапираше само во Скопје преку 100 вакви јавни објекти од кои многу училишта, градинки и болници.
„Овие објекти, иако се концентрирани во урбаните средини и со согорувањето на милиони литри нафта за греење и мазут директно придонесуваат за зголемување на загадувањето на воздухот, кај нас уште не се ‘политички приоритет’“, соопштува Шанса за Центар.