Денеска (7 јуни) во 17 часот граѓаните ќе можат да се прошетаат низ Скопје тркалајќи ја „Рециклираната топка“ во уметничка акција за подигање на јавната свест за ѓубрето, потрошувачката и рециклирањето.
Станува збор за партиципативен уметнички проект инициран од авторите Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин кои заедно работат во изминативе години под слоганот „Two artists one planet“.
Како #twoartistsoneplanet, тие се на постојано патување од Јужна Африка преку Европа до Индија, а во моментов се на едномесечен проектен престој во Скопје. За време на својот престој тие работат со пронајдени предмети и со „ѓубре“ кое го користат за да создаваат Sound&Movement Performances.
„Со нетрпение очекуваме да ни се придружите сите. Оние кои се заинтересирани за звук и уметност, оние кои се заинтересирани за рециклирање и нашата потрошувачка на ѓубре како општество. Оние кои би сакале да дознаат повеќе за самиот проект. И оние што ги сретнавме на патот“, велат организаторите.
„Рециклираната топка е последната активност од нивниот едномесечен престој во Скопје во партнерство со Гете-институт Скопје и во соработка со Акто Фестивал КСП Центар -Јадро.
Настанот ќе започне на улица Борка Талевски бр. 26 – во Старата железничка зграда – веднаш зад „The Dude Specialty Coffee café“.
БИОГРАФИИ:
Сесилија (Ци) Мартенс, родена во Јужна Африка е фотографка, документаристка и писателка со долгогодишно работно искуство во сверата на патувањето, туризамот, одржливоста и медиумите.
Родена во претседателската ера пред Мандела во 1994 година во Јужна Африка е една од првите 100 меѓукултурно посвоени бебиња во Јужна Африка. Ова уникатна перспектива на Ци го разгорува нејзиниот интерес за темите – како што се „Моќта на пасошот“, „Разновидност“, „Дискриминација“, „Свеста за ментално здравје“, „Еднаквост и вклученост“ и „Одржливост во животот и во уметноста“.
Како етаблиран глас во нејзините индустрии, главниот проект на Ци моментално е #TwoArtistsOnePlanet во партнерство со нејзиниот вереник, Холгер Маик Мертин додека го продолжуваат нивниот проект за „споро“ патување низ светот.
Холгер Маик Мертин е аудио уметник и активист за одржливост. Неговата работа се фокусира на трансформација на архитектонските објекти и еколошката околина каде настапува со музички инструменти.
Заедно со Филмер и неговата партнерка Ци, тој работи на долгорочниот проект за патување со уметност и одржливост – веќе две и пол години започнуваќи го патувањето во Јужна и Источна Африка, Европа, Балканот и Индија.
Холгер соработувал со меѓународно познати музичари и уметници како Jaki Liebezeit (Can), AnnenMayKantereit, Eberhard Kranemann (ex Kraftwerk), Milan Sladek (mime), DJ Marcelle, WDR Rundfunkorchester.
Повеќе од десет години предавал и истражувал на Универзитетот за музика и танц во Келн. Тој има создадено неколку ударни инструменти и компонирал неколку дела за WDR Radio, а исто така свирел како импров солист со Staatsphilharmonie Nürnberg.