Во новиот подкаст „Подкастинација“, кој го води младата Александра Арсовска, гостинка е музичарката Катерина Димитровска.
Но, подкастот не се фокусира на уметничкото творештво на гостинката, туку ова се интроспективни разговори, за слободата, за „целофаните“ врз реалноста, за (затв)отвореноста на општеството, за животот во Скопје и… се’ измеѓу.
„Подкастинација: Aко сакате да ја сфатите суштината на светот, како правилно да се бришете, како револуцијата ја победи еволуцијата со Катерина Димитровска“.
* Овој производ е изработен во рамки на програмата за менторирање на млади новинари, како дел од проектот Fostering Youth activism through online media.