Организацијата Тиииит!Инк. во склоп на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО отвори повик за пријавување проекти за платформата за изведувачки уметности „Испробување феминистички иднини 2.0“.
Во 2021 година Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО ја трансформираше својата изведувачка програма во платформа за едукација и продукција во полето на изведувачките уметности насловена ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ. Истата година во рамки на МОТ фестивалот, премиерно беа изведени два авторски феминистички перформанси развиени во рамки на платформата – СРАМ на актерката Ангела Стојановска и ЈОВАНО, ЈОВАНКЕ на танчерката и кореографка Јована Зајкова.
Како продолжение на активностите на платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ, од Јуни до крајот на 2023 година се планира развој на феминистички перформанс на локален уметнички колектив, во рамки на повикот. Пријавувањето за повикот трае до 5 Јули, а повеќе информации можете да најдете на официјалниот сајт на Тиииит!Инк.
Проектот е поддржан од Equality Fund, Sigrid Rausing Trust, Kvinna till Kvinna Foundation и Министерство за култура