Пет години по ред, Исланд е рангиран како држава со најмал родов јаз од страна на Светскиот Економски Форум.
Рангирањето значи дека во Исланд жените уживаат наједнаков пристап до образованието и здравствената заштита. Ова е местото каде жените најмногу може целосно да учествуваат во политичкиот и економскиот живот на земјата.
Исланд се најде на врвот и на најновиот Глобален извештај за родовиот јаз за 2013 година, пред своите нордиски соседи Финска, Норвешка и Шведска.
На оваа листа за родовата еднаквост, Македонија се наоѓа на 57 место, Србија на 42 место, Бугарија на 43-тото, Хрватска на 49 место, Словенија на 38 место. Во регионот најлошо е рангирана Албанија која е на 108 место во светот, додека за Косово, БиХ и Црна Гора извештајот нема податоци.
Глобално родовиот јаз е умерено намален со оглед на тоа што 86 од 133 земји покажале подобрување. Сепак, промените се многу бавни, вели Саадиа Захиди, една од авторките на извештајот.
Европа има дури седум земји во десетте најдобри. Велика Британија е на 18 место додека САД е на 23-тото. Филипините кои се на петто место, се највисоко рангирана азиска нација и Никарагва која е највисоко рангирана од Јужна Америка, објави BBC.
Земјите од групата Г20 кои се лидерски индустриски нации немаат претставник во листата на топ 10, а истото важи и за Блискиот Исток и Африка.
Топ 10 земји
- Исланд
- Финска
- Норвешка
- Шведска
- Филипини
- Ирска
- Нов Зеланд
- Данска
- Швајцарија
- Никарагва