Утре (21 јуни) во просториите на Europe House – Скопје ќе се одржи Панел дискусијата „Младинската работа во Северна Македонија 2013-2023-2033: Ретроспектива и перспективи“.
„На настанот во два панели ќе се дискутира за досегашните постигнувања во рамки на процесите за признавање, препознавање, професионализација и стандардизација на младинската работа во Северна Македонија, како и за можностите и потребите за понатамошен развој на младинската работа во иднина“, велат од Сојуз за младинска работа.
На првиот панел кој ќе започне во 11 часот ќе се обратат Марко Ѓоргиевски, Директор на Национална агенција за европски образовни можности и мобилност, Наумче Мојсовски, Директор на Агенција за млади и спорт, Ѓорѓи Тасев, Соработник на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за млади и младински политики, Мери Нашоку од Младински културен центар Битола, Недељка Ивошевиќ, Извршна директорка на српската национална асоцијација на младински работници НАПОР, Драгана Митровиќ, Секретаријат на Сојуз за младинска работа.
На вториот панел „Перспективи за развој на младинска работа во Северна Македонија“ кој ќе започне во 11:50 ќе се обратат Јована Тренчевска, Министерка за труд и социјална политика, Гордана Берјан, директорка на Европска младинска фондација на Совет на Европа, Александру Албу, Делегација на Европска Унија во Северна Македонија, Моника Зајкова, Координаторка на Клубот на младински прашања и политики на Собранието на Република Северна Македонија, Софија Арнаудова, Координаторка на студиите по младинска работа, Филозофски факултет Скопје, Олга Кириакиду, Претседателка на грчката национална асоцијација на младински работници.
„Панел дискусијата е во организација на Сојуз за младинска работа, како централен настан од програмата за одбележување на десет години од основањето на мрежата и од почетокот на поинтензивните напори за развој на младинската работа во нашата земја. На настанот ќе бидат доделени признанија за особен придонес во развојот на младинската работа во нашата земја, а ќе присуствуваат и претставници од професионалните национални асоцијации на младински работници од Србија и Грција“, информираат од Сојуз за младинска работа.