За утре попладне во Лисиче е најавен уште еден протест против Деталниот урбанистички план ЈИ09 со кој е предвидена изградба на девет згради.
„Ве повикуваме и оваа среда во 17:30 да ни се придружите во нашата борба и заедно да кажеме стоп на градежното лудило!“, се посочува во најавата за настанот на Фејсбук.
Инаку, против овој ДУП во Општина Аеродром се протестираше и во средата, кога жители на Лисиче излегоа на протест кај крстот на раскрсницата помеѓу булеварите „12. Македонска бригада“ и „Србија“.
[Фото + видео] Лисичани на протест против бетонизација: Нема да бидеме затвореници во своите домови
Од Општина Аеродром претходно излегоа со соопштение, каде посочија дека се прифатени забелешките од граѓаните и дека се изготвува втора верзија на ДУП за дел од Лисиче. Но, жителите ваквиот потег го окарактеризираа како обид за манипулација на јавноста.