Овој четврток во рубриката #НизТвојотОбјектив ја имаме Љиља Прентовиќ ака Електра. Таа е дипломиран сликар на Факултетот за ликовни уметности во Скопје каде ги продолжува и магистерски студии на истиот отсек.
„За мене фотографијата е релаксација. Најубавите идеи секогаш ми доаѓале во сон и никогаш не сум сакала фотографијата да биде на некој начин обична. Човекот има таква несвесна убавина што ја носи на себе“, вели таа.
Прентовиќ раскажува дека за неа е предизвик да ја изнесе на површина целата недоверба и да прикаже колку е всушност прекрасна.
„Но сепак, она што се нарекува ‘спонтано’…е најубаво“, забележува таа.
Окото е незаменлив објектив, секогаш велам…„Камо да можев да фотнам со трепкање”.
Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.
Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.