Гледачите на Олимписките игри во Париз 2024 година ќе седат на столчиња направени од рециклирана пластика, јавува Евроњуз.
„Имаше недостиг на материјали, што доведе до тоа многу производители да се префрлат на отпадот“, вели Мариус Хамелот, ко-основач на еко-градежната фирма „Le Pavé“ која стои зад иницијативата.
„Производителите на пластика целосно престанаа да работат, не затоа што немаше повеќе нарачки, туку затоа што немаше повеќе материјал. Така тие се префрлија на секторот за отпад“, додаде тој.
И покрај логистичките предизвици и оптоварувањата на глобалните синџири на снабдување, шемата за седиштата е дел од пошироките напори за намалување на еколошкиот отпечаток на Олимписките игри, за кои се наведува дека ќе бидат најзелени досега.
Организаторите рекоа дека ќе ги намалат емисиите на половина во споредба со претходните Олимписки игри со користење на постојните структури, охрабрување на употребата на јавниот превоз и неутрализирање на јаглеродот.
Седиштата на местата каде што се одржуваат Олимписките игри како што е Арената во областа Порт де ла Шапел и центарот за водни спортови во Сен Дени ќе бидат направени од рециклирана пластика.
Овој пристап ја намалува потрошувачката на енергија и го избегнува производството на нов отпад. Околу 11.000 седишта ќе бидат направени од рециклирани материјали.