Денеска, (26 јуни) во 18 часот ХОПС организира дискусија „Кои предизвици ги носат новите трендови на употреба на дроги?“.
„Рекреативната или повремената употреба на легални и илегални психоактивни супстанции е честа социо-културна практика, како во светот така и во СРМ. Употребата на дроги секогаш носи со себе ризици, како здравствени така и правни. Затоа, дискусијата има за цел да ги опфати проблемите со кои се соочуваат луѓето кои употребуваат психоактивни супстанции, како и промените во Кривичниот закон“, се вели во најавата.
Модератор на панел-дискусијата ќе биде проф. д-р Ирена Цветковиќ, а гостинки ќе бидат Наташа Бошкова, адвокатка и Андријана Пејчиновска, волонтерка во ХОПС.
Дискусијата ќе се одржува во „Комитет“, а може да се проследи и онлајн на Фејсбук страницата на ХОПС.