Свечен пречек беше организиран за младата охриѓанка Христијана Парулеска која како дел од македонската репрезентација во традиоционално таекводно освои златен медал на Европското првенство кое се одржа во Јесоло, Италија.
Пречекот се одржа на плоштадот во Охрид кој беше исполнет со голем број жители од градот како и љубители на спортот. На самиот пречек имаше многумина кои со нетрпение ја чекаа Парулеска за да и оддадат чест за спортскиот успех.
Покрај освоениот златен медал во категорија борба, младата кадетка освои и сребрен медал во категорија замислен противник.
„И јас бев спортист, затоа успех како тој на Христина е вистина за гордеење“, изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Автор: Горјан Азманов