На 3 јули стартува летната сезона во „Valhalla“ во Куманово, каде од 21 часот ќе се одржи свирка на „Daikaiju“ од САД и младите „Niandra“ од Скопје.
Организаторите посочуваат дека хјустонскиот состав „Daikiaju“ се добро познат бенд на публиката во Куманово. Инспирани од јапонските „Kaiju“ филмови (Godzilla, 1954), во комбинација со сурф-рок музика создаваат феномен кој мора да се види во живо.
„Нивниот екстремно динамичен инструментален звук не остава никого рамнодушен и повикува на ‘денс’ кој истерува зли демони од телото. Идеално. Како и огромните чудовишта во Kaiju филмовите кои влегуваат во градови и се борат против армијата и човечките препреки, или против други чудовишта, бранејќи го градот и предупредувајќи не дека сме блиску до катастрофа, така и Daikaiju доаѓаат во Куманово и тоа по трет пат! Деструктивна сила со предупредувачки тон! Спремни да го нападнат градот со нивниот моќен звук и да не натераат и ние да се бориме со нашите чудовишта барем за секунда. По трет пат имаме прилика да сурфаме заедно со нив и да го загубиме здивот во музичко/денсерско уживање! се надеваме дека повторно заедно, ние како публика и тие како бенд, ќе го имаме истиот ентузијазам на овој концерт!“, стои во најавата.
Овој пат, причината за враќањето на „Daikaiju“ во Македонија е нивниот трет албум насловен „Phase 3“, кој излезе годинава.
Влезот за настанот е 200 денари.