Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1.[Фото] Прв ден „Д Фестивал“

Афро-футуристички панк со инструменти од предмети пронајдени во ѓубре, алтернативен поп, сурф-рок и локален рап се жанровите со кои се отворија вратите на годинешното 13. издание на „Д Фестивал“.

На Москито стејџот прв настапи составот „Fulu Miziki“ или во превод „Музика од ѓубре“ кои на попладневното сонце претставија свежа музичка фузија произведена од инструменти за кои и самите велат дека ги пронашле во ѓубре.

[Фото] Прв ден „Д Фестивал“

2.„Младите можат“: Менталното здравје слабо застапена тема во средните школи, треба реформирање и на училишните психолози

„Младите можат“ препорачува континуирана едукација и поддршка на наставничките и стручните служби за менталното здравје на младите. Бараат да се реформира позицијата училишен психолог и да се намалат административните задачи за оваа функција. Во рамките на училиштата да се вклучуваат младите и родителите во носењето политики, правила и интервенции, а притоа да се зголеми и соработката на наставниот и стучен кадар.

„Младите можат“ изминатиот месец го посветија на менталното здравје на младите. Истражување на наставните програми, како и ставовите на средношколците и експертите, велат тие, покажува дека менталното здравје е слабо застапена тема во средните училишта. Меѓународните организации и граѓанските здруженија остануваат главните промотори на едукативни активности поврзани со менталното здравје.

„Младите можат“: Менталното здравје слабо застапена тема во средните школи, треба реформирање и на училишните психолози

3.[Интервју] Давид Ангелевски: Денес е најголем предизвик да се остане надвор од црно-белиот вортекс на апсурд и омраза

„Денес, после десет години можам да кажам дека и покрај радикалните промени во технолошкото опкружување и притисокот да се биде дел од масовната клик/хајп култура, останавме доследни на основачкиот принцип. Во него стои дека ќе промовираме и поддржуваме млади бендови и артисти со храбар и прогресивен музички дух и израз, без жанровски и стилски ограничувања и без никакви наметнувања како да звучат или да изгледаат. Тоа направи да изградиме еден хомоген музичко-издавачки колектив кој се базира на силна взаемна доверба и љубов. Тука би ја подвлекол изјавата на Димитра која за време на неодамнешниот настап во „Буква“ кажа дека „Шарла“ за неа не е издавачка куќа, туку дом. Тоа е суштината“, рече Давид Ангелевски во интервјуто со Радио МОФ.

[Интервју] Давид Ангелевски: Денес е најголем предизвик да се остане надвор од црно-белиот вортекс на апсурд и омраза

4.Град Скопје не обезбеди бесплатен јавен превоз за студентка од приватен факултет како што препорача КСЗД

Град Скопје ја игнорира препораката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) да овозможи бесплатен јавен превоз на студентка на приватен факултет од Скопје и за тоа писмено да ја извести Комисијата.

КСЗД на 15 мај утврди продолжена директна дискриминација врз студентката Мила Петрушевска и препорача Град Скопје да ѝ го обезбеди правото на бесплатен јавен превоз во рок од 30 дена од добивање на ова мислење.

Град Скопје не обезбеди бесплатен јавен превоз за студентка од приватен факултет како што препорача КСЗД

5.[Интервју] Дамјан Даневски: „Inclusive music“ е училиште за сите атипични и типични деца

Чим децата го фатат ритамот, гледаш како се смеат, како им е кул, тоа е убаво чувство! Градат самодоверба и учат нови вештини. Плус помагаме за фина, груба моторика, концентрација, когнитивните способности да се дигнат на повисоко ниво, вели во интервју со Радио МОФ Дамјан Даневски од инклузивното музичко училиште „Inclusive music“.

[Интервју] Дамјан Даневски: „Inclusive music“ е училиште за сите атипични и типични деца

+Бонус:

Неколку илјади граѓани на протестен собир во Скопје против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Неколку илјади граѓани попладнево се собраа на протест во Скопје пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ против законите за родова еднаквост и законот за матична евиденција, во организација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Протестот започна во 18 часот со молитвата „Оче наш“, а некои од граѓаните носеа транспаренти како „Биологија, а не идеологија“ и „Родот не е флуиден, маж е маж, жена е жена, а децата се невини“.

Неколку илјади граѓани на протестен собир во Скопје против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

[Интервју] Мирјана Јосифоска: Од остатоците по производството на шапки, создаваме стегачи за коса за да добиеме нула отпад

Идејата за етичко производство на шапки и додатоци за коса е една од победничките на годинешниот натпревар „Зелени идеи“ во организација на Здружението за социјални иновации АРНО. Во интервју со дизајнерката Мирјана Јосифоска разговараме за поттикот, предностите и предизвиците кои произлегуваат од светот наречен одржлива мода и дизајнирање без создавање на текстилен отпад.

[Интервју] Мирјана Јосифоска: Од остатоците по производството на шапки, создаваме стегачи за коса за да добиеме нула отпад

Волонтерски центар – Скопје: Да го направиме светот подобро место

Волонтирањето е начин да се помогне на другите, но истовремено и самите ние имаме бенефит од истото. Ни дава можност да промениме нечиј живот, вклучувајки го и нашиот. Придонесува за подобрување на квалитетот на животот со активно вклучување на луѓето во општествениот живот.

За да дознаеме малку повеќе на оваа тема, разговаравме со проектниот менаџер во Волонтерски Центар Скопје, Андреј Наумовски и волонтерката Доротеа Грковиќ.

Волонтерски центар – Скопје: Да го направиме светот подобро место

Сеида Бегановиќ: Пишувањето е мојот пат кон слободата

Сеида Бегановиќ е наградувана писателка која дипломирала на филозофскиот факултет во Сараево, Босна и Херцеговина, како и на Катедрата за филозофија и социологија.

Во разговор со Радио МОФ, Бегановиќ истакнува дека во фокусот на нејзините писанија е жената, а ритуалите по пишувањето ги опишува како хедонистички, додавајќи дека е фасцинирана од самиот процес на пишување, за кој вели дека е авантура.

Сеида Бегановиќ: Пишувањето е мојот пат кон слободата

Македонски бренд изработува модни додатоци без создавање отпад – во процесот вклучени жени од ранливи категории и рурални средини

Изработка на модни додатоци со хеклање и без создавање отпад направени од самохрани мајки, жени од ранливи категории и рурални области. Ова е идејата позади македонскиот етички моден бренд „YOVA“.

Токму оваа идеја беше и дел од победниците на овогодишните „Зелени идеи“ на организацијата АРНО кои ги ставаат во фокус бизнис моделите кои во центар поставуваат еколошки и социјални цели.

Македонски бренд изработува модни додатоци без создавање отпад – во процесот вклучени жени од ранливи категории и рурални средини