Во мала уличка што се спојува со улицата „Дренак“ во скопската општина Кисела Вода денеска беа исечени неколку повеќегодишни дрвја, кои излегуваа од напуштена парцела и правеа сенка на патот меѓу околните куќи.
Двајца ангажирани работници со камион со натпис „Електроизградба“ утрото работеа на кабел над уличката, па сечеа и горни гранки, и цели дрвја. Тврдеа дека имаат дозвола за сечата од општината.
Се јавивме до општината, од каде пак негираат дека било дозволено сеча на дрвја.
„Се работи за кабел на ЕВН, за кој има дозвола само за гранки, но не и за сечење дрвја“, ни посочија од Кисела Вода.
Бојан Шашевски