Од Сојузот на математичари на Македонија (СММ) информираат дека на 64-тата Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023), која годинава се одржува во Чиба, Јапонија, македонската екипа освои четири медали и две пофалници.
Имено, со еден златен медал се закити Дамјан Давков, додека Алексиј Тасиќ освои сребрен медал. По еден бронзен медал освоија Никола Цветановски и Никола Спировски, а пофалници добија Јан Стојановски и Бранко Јангеловски.
Од СММ велат дека најпрестижниот натпревар по математика за средношколци, годинава се одржал од 2 до 13 јули, а дополнува дека успехот на средношколците е успех за државата.