Пред повеќе од еден век, жените селото Залипие во југоисточниот дел на Полска почнале да ги сликаат ѕидовите на своите домови. Но не сликале само во една боја, како што би се очекувало од конзервативното општество, туку со цела палета бои што направиле ова место вистински да „процвета“.
Иако никој не е сосема сигурен кој и како ја почнал оваа традиција, таа датира од времето кога селаните почнале да се греат на печки на дрва, па жените сакале да ги сокријат трагите од чад на внатрешните ѕидови. За нивните домови да бидат беспрекорни пред празниците, тие почнале да создаваат вистински уметнички дела со различни мотиви од цвеќиња.
Со модернизацијата на апаратите, струјата и подобрената вентилација, овој начин за “прикривање” станува непотребен, но традицијата се уште продолжува.
И не само ѕидовите од куќите, вакви мотиви добиваат и шупите, мостовите, дрвјата, бунарите, па дури и куќичките за кучиња.