Руските пратеници вчера усвоија закон со кој се забранува промена на полот и посвојување деца од трансродови лица, пренесува Данас.
„Таа одлука ќе ги заштити нашите граѓани, нашите деца“, изјави претседателот на Долниот дом на Парламентот Вјачеслав Володин.
Промени во граѓанскиот статус, хируршки операции и хормонски третмани беа достапни во Русија по распадот на Советскиот Сојуз. Сепак, од почетокот на руската инвазија на Украина, руските власти почнаа да воведуваат конзервативни мерки, особено против ЛГБТ+ заедницата.
Како објаснување се наведува желбата да се елиминира „девијантното однесување увезено од Запад“.
Предлог-законот помина на третото и последно читање. Сега мора да биде потврдено од горниот дом на парламентот. Потоа следи потписот на претседателот Владимир Путин за законот да стапи на сила.