Концерт на „Карла Левински“ во Ла Кања во четврток

Во четврток (20 јули) во Ла Кања ќе се одржи концерт на бендот „Карла Левински“.

Концертот на новиот бенд „Карла Левински“ на Сецко Сеад Хаџиќ и Огнен Мангаровски од Mooger Fooger и Last Expedition ќе започне во 21 часот.

„Авангарденден минимализам и електроника споени во бучен краут рок. Главна музичка и идеолошка инспирација им е летеризмот, ситуационизмот и анархизмот. Ретка прилика да слушниме спој на аналогни синтисазери, гитари, секвенцери, ритам машини и перкусии поврзани со семплови на легендарниот касетофонски снимач Tascam portstudio 488“, се посочува во најавата за концертот.