Дупки, контејнери и коли по вело-патеките, високи рабници меѓу тротоарите, стресно возење по маалски улички, недостаток на зони „30“… Центарот за Одржливи иницијативи спроведуваше истражување за условите што Скопје ги нуди, или не ги нуди за граѓаните на велосипеди. Притоа, за првпат годинава Центарот ја воведува наградата за „Највело општина“.
Оттука во новата, тазе епизода од подкастот „Заедничарење“ со Мери Бакалова Стојанова од Центарот дискутираме за тоа што значи вело-општина. Дали општините се пријателски настроени кон велосипедистите, колку се безбедни за возење точак, дали треба повеќе да се работи на вело-инфраструктурата, но и воопшто на културата?
Бојан Шашевски