Фестивалот на нова музика „Здраво млади“ годинава ќе се одржи по тринаесетти на 23 септември во Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ).
Организаторите „прославата по повод здравото и младото“ ја најавија денес, на два месеца пред фестивалот со цел, „да не се налутат боговите на свежата музика“.
Во склоп на богата програма составена од млади бендови кои ќе настапат на неколку бини во МКЦ се и „PVA“ од Лондон, за кои како што се вели во најавата, публиката ќе го фати последниот воз да ги слушне во Скопје бидејќи наскоро ќе полетаат кон вселената.
На годинешниот „Здраво млади“ ќе биде и „Војко В“ (Vojko V), кој по два откажани настапи минатата година треба сега да пристигне во Скопје.
Оваа година ќе ги слушаме и дуото „Planet Opal“ од Италија, Escape-ISM, проект на Ian Svenonius, пејачот во „Make-Up“, „Chain and the Gang“ и „Nation of Ulysses“, дечките од „Dope Kukjata“, артистот YMNK, The Mauskovic Dance Band од Амстердам кои беа на Cinedays во 2018 година, соул и ар ен би пејчакта ZHIVA, хрватскиот психоделичен бенд „Nemanja“ кој ќе го промовира новиот албум „Voodoo beat“. Ќе настапи и македонскиот бенд „Калата“, скопското трио „My Tear“, „Đutko i plodovi zemlje – кралот на агро поп панкот, Yolande Bashing од Франција, експлозивниот бенд „The Omy“ и Dj Fitz со локлана придружба од Ертунч Сали и Ајнур Касо.
Покрај музика, присутните на „Здраво млади 13“ ќе може да ја погледнат уметничката интердисциплинарна изложба и перформанс на „СловоКулт“ приредена од Елизабета Костадиновска, Munsha и JD Zazie, а ќе има и настап на Wortschmerz ‡ noisedestotrot.
Дизајнот оваа година е дело на Ристо Аварамовски.
Првите 100 билети за фестивалот се во продажба по цена од 600 денари и може да се купат на следниот линк. Организаторите информираат дека потоа цената ќе биде 800 денари. Билетите за одложениот концерт на Војко В ќе важат за фестивалот.
Фестивалот се реализира со поддршка на Минситерство за Култура, Град Скопје, LIVEUROPE и Skopsko Smooth.